Прекрасната Сиера гола во новиот видео спот

Американската пејачка и актерка Сиера, објавила спот за својата нова песна "I Bet", во кој гордо ги покажала своите облини.

Во спотот за оваа балада Сиера танцува во балетанки и тоалета со процеп до колковите и деколте до папокот.

Прекрасната пејачка на крајот од спотот се појавува со голи гради, вртејќи се на подот. Воопшто не е чудно што токму крајот на спотот привлекол најголемо внимание.

Со овој видео запис Сиера воодушевила многумина, а посебно машкиот дел од популацијата.

Во баладата се зборува за раскинување, па Сиера, глумејќи во спотот, сакала веродостојно да ја долови тагата низ која минуваат девојките по раскинување на емотивна врска.

По последниот албум, пејачката работела на нов материјал и се грижела за својот син, кој се родил на 19-ти мај минатата година. Меѓутоа, бременоста и пораѓањето не влијаеле на нејзиниот изглед.

Напротив, Сиера сè уште е во "топ форма", исто како да не се породила пред само неколку месеци.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О