Американците ги молат Русите: Ако си одите, ќе мора да затвориме!

Доколку Русите излезат од проектот, САД немаат друг избор освен да ја затворат Меѓународната вселенска станица и да ги евакуираат своите астронаути - предупредува службеникот на НАСА, Чарлс Болден.

Русија обезбедува транспорт до Меѓународната вселенска станица и без неа не е возможно да се пратат астронаути во вселената или да се вратат.



Болден признава дека НАСА нема резервен план за одржување на станицата, доколку Русија одлучи да се повлече од заедничките операции.



Москва, по воведувањето на американските санкции, кои ги зафатиле и вселенските програми, најавила дека ќе изгради своја вселенска станица.

По краткото размислување дали да проговори за проблемот, Болден признал дека САД, доколку Русите одлучат да одат по свој пат, ќе мора да се откажат од понатамошни проекти.



Тој објаснил дека САД и Русија во голема мера зависат едни од други во оваа област, и дека влошувањето на односите и крај на договорот, би довел до згаснување на вселенската станица, вредна 140 милијарди долари.



Американските приватни компании "Boeing" и "Space X" работат на алтернативни методи за превоз на астронаутите. Меѓутоа, нивните планови нема да остварат, барем не до 2017. година.



"Ме натеравте да ви одговорам и јас ви ги давам вистинските одговори. Не сакам никого да доведам во заблуда", изјавил Болден за Houston Chronicle.



Прашањето за соработката меѓу САД и Русија на Меѓународната вселенска станица дошло во прв план поради влошувањето на дипломатските односи на двете земји, предизвикани од ситуацијата во Украина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О