Живот во бегство: Објавени ексклузивни фотографии од скривницата на Осама бин Ладен!

Покојниот лидер на Ал Каеда, некогаш најбараниот човек во светот, последните неколку години од животот ги поминал во константно бегство, сè додека не се "сокрил" во скривница во Тора Боре во планинскиот дел на Авганистан

Најновите фотографии кои се појавиле во британските весници, покажуваат како Бин Ладен го минувал времето криејќи се од Американците, кои го барале низ цела Азија.

На фотографиите се гледа како поранешниот лидер на Ал Каеда, на сред бел ден шета пред својата скривница, факт кој ги зачудил западните медиуми, со оглед на тоа што Американците сè повеќе го стеснувале обрачот околу него.



Откако скривницата била откриена и бомбардирана, Осама морал да бега, пренесуваMirror.



Фотографиите како доказ ги приложил некогашниот соработник на Бин Ладен, командантот Калед ал Фаваз, а фотограф бил палестинскиот новинар Абдел Бари Атван.



Бин Ладен по бегството од Тора Боре, се криел во Аботобад во Пакистан. Сепак, ни таму не успеал да избега од Американците, кои го пронашле и убиле на 2-ри мај 2011-тата година.













ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О