Перо Антиќ приведен во Њујорк

Кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Копланд и неговата сопруга се повредени при напад со нож за време на инцидент што се случил во клуб во Њујорк, а Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша се приведени бидејќи пречеле кога полицијата сакала да ја обележи сцената.


Според информациите, инцидентот се случил по расправија пред клубот, околу 4 часот по полноќ, кога 22-годишниот Шезој Блеари извадил нож и повредил тројца луѓе.

Блери го прободел Копланд и неговата сопруга Кетрин Салтара која е исечена на рацете и нозете. Во нападот била повредена и уште една жена - 53-годишната Кетрин Сомани, пишува Bleacher Report.

Антиќ и Сефолоша биле приведени за опструкција на органите на законот бидејќи не се поместиле кога полицијата го обележувала теренот. Двајцата кошаркари на Атланта претходно беа дел од тимот што ги совлада Феникс Санс, а пристигнале во Њујорк за да играат со Бруклин Нетс.

Инцидентот почнал кога клубот се затворал, а засега нема информации дали Копланд бил заедно со играчите на Атланта или пак тие биле во посебна група која тогаш го напуштала клубот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О