Видеото беше објавено во 2012-та година и на него Аптон танцува прилично провокативно. Наводно, тоа требало да биде шега меѓу неа и Тери Ричардсон, но тој одлучи да го објави и досега истото има над 22 милиони прегледи.
И покрај тоа што преку виралното видео стекна светска популарност, Аптон во интервју за магазинот Vogue изјави дека во тоа време на Ричардсон му рекла дека неговото објавување било омаловажувачки чин и дека можел да ѝ каже дека планира да го објави видеото. Сепак, додава дека „сега очигледно е во ред“.
Кога пак го запрашале Ричардсон дали смета дека преку видеото е одговорен за светската популарност на Кејт, тој на тоа одговорил „Не. Кејт е родена ѕвезда“.