Тирана и пиша на Москва: Што се мешате во Македонија?

Албанското МНР го повикало рускиот амбасадор во Тирана за да протестира поради "неприфатливото" и "дестабилизирачко" соопштение околу ситуацијата во Република Македонија.
Рускиот амбасадор бил повикан во МНР-то во Тирана за да албанската дипломатија протестира околу соопштението на руското МНР во кое се посочува на планови за т.н. „Голема Албанија”.

Како што пренесоа медиумите на албански јазик, албанското МНР ја изразило својата разочараност на амбасадорот Александар Карпушин во врска со „неприфатливата изјава и наводите на Русија”, да се поврзе неодамнешниот инцидент во Македонија со владите на Албанија и Косово. Според Тирана, оваа изјава претставува уцена и е лоша за конструктивната клима која Албанија, Косово и нејзините соседи се обидуваат да ја градат во регионот. Тоа, според реакцијата на албанската дипломатија, исто така претставува непочитување на најдобрите принципи на меѓународното право.

- Албанија е суверена земја, членка на НАТО и кандидат за ЕУ и било кој акт на уцена против оваа земја треба да се третира во овој контекст- порачала Тирана. Албанското МНР му порачало на рускиот амбасадор дека Москва треба да се соочи и да ја прифати новата реалност во регионот на Западен Балкан и да го признае придонесот на независноста на Косово за мирот, стабилноста и демократската иднина на регионот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О