Славните сестри се пофалија со својот природен изглед: Која изгледа подобро без шминка?

Кендал Џенер станува сè позначајно име во светот на модата и покрај критиките дека младата манекенка е само уште едно "дете на славни лица". Дека тоа не е сосема така тоа го покажуваат многубројните ревии и кампањи кои се зад неа, а сега таа одлучи да ни покаже како изгледа и без шминка.

Помладата сестра на Ким Кардашијан на својот Instagram профил сподели фотографија од бекстејџот на една ревија, на која таа нема ниту грам шминка.

Иако ја гледавме како расте пред телевизиските камери во популарното реално шоу "Во чекор со семејството Кардашијан", Кендал ни откри нешто што многумина не го знаеја за неа, а тоа е дека манекенката има пегички на лицето.

Сепак, дури и со мали точки на лицето, деветнаесетгодишната манекенка изгледа сосема шармантно. Освен тоа, Кендал може да се пофали и со совршен тен, па не нè чуди што токму таа стана заштитно лице на многу големи козметички куќи, како што е на пример Estee Lauder.

Нејзината славна сестра Ким, до сега ни покажа речиси сè, но во јавноста таа ретко се појавува без шминка и комплетно среден изглед. Сепак, и таа овојпат се одлучи да ни покаже како изгледа без грам шминка.

Па, што мислите, која од славните сестри изгледа подобро без шминка?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О