Мултимилионер: Живеам од џепарлакот кој ми го дава сопругата!

Иако е веќе со години мултимилионер, тој живее во огромна вила со 13 спални, но со скромен џепарлак кој секој ден го добива токму од својата сопруга.

Британскиот мултимилионер, основач на ланецот на продавници Poundland, открива дека им дал дури 25 милиони фунти на своите родители, а сега живее од џепарлакот кој му го дава сопругата – 10 до 20 фунти дневно.

Стив Смит (52) живее во 6.5 милиони фунти вредна вила во Шропшир со својата сопруга и нивните три деца. Иако е милионер, тој живее од џепарлакот кој му го дава сопругата.

Од ланецот на продавници заработил 50 милиони фунти, а половина веднаш префрлил на сметката на своите родители.



- Секој ден сопругата ми дава џепарлок. Проблемот е во тоа што веднаш го трошам целиот износ кој што го имам, па токму затоа таа ми дава само по малку. Секој ден од 10 до 20 фунти, вели Смит.

Но, кога Стив Смит започнувал со својата работа, тој позајмил 50.000 фунти од својот татко.

- Кога имав 18 години мојот татко ми позајми пари со чија помош и благодарение на она што ме научи тој за продажба јас успеав добро да ги искористам, раскажува тој.

Токму затоа, со цел да им се оддолжи за нивната помош, тој решил да им даде половина од сумата која ја добил со продажбата на неговиот ланец на продавници.



Стив заклучува дека парите ни даваат различни можности, но дека е многу важно никогаш да не заборавиме од каде доаѓаме!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О