Ако се капете наутро, кожата набрзо ќе го обнови својот природен слој кој се формира токму наутро, велат дерматолозите. Тие додаваат дека не треба сапун да се користи секој ден и препорачуваат купки на маслена база во комбинација со млеко за нега на кожата.
Ако се капете пак навечер, би било добро да намачкате крема за нега на вашата кожа. Но, ако сметате дека на вашиот партнер би му биле попривлечни навечер во кревет токму свежо искапени, мирисни, можеби и грешите.
Лекарите објаснуваат дека феромоните кои настануваат со цел да се привлече партнерот се отстрануваат токму со туширање. За да се надокнади изгубеното, мора да ги замениме со вештачки ароми. Тие ароми може, но и не мора да делуваат на партнерот.
Сепак, лекарите советуваат дека правилната лична хигиена претставува половина здравје. Тие советуваат дека сепак треба да се туширате почесто, но пред сè да се обидете тоа да биде почесто во текот на утринските часови. Со тоа се отстранува слојот од токсини кои излегуваат на површината на кожата и кои можат да доведат до одреден проблеми со кожата и непријатни мириси.
Значи, туширањето еднаш дневно е секако сосема во ред, а она што секако не е добро е прескокнувањето на ваквата хигиенска навика. Но, статистиката за хигиена во Македонија е сурова – дури нешто повеќе од половина од луѓето редовно се капат.