Најголемото богатство на Путин: Овој остров вреди милијарди. Погледнете и зошто!

На оваа локација туку што беше завршена и најголемата бушотина во рамките на проектот "Sakhalin-1", кој веќе поседува 9 од 10-те најдолги бунари на светот.

Островот Сахалин во Пацификот кој се наоѓа северно од Јапонија е во поголемиот дел под раководство на Русија. Неговата површина која изнесува 76.400 километри, а неверојатната должина од 948 километра во правецот север-југ чини овој остров да биде и сосема препознатлив. Меѓутоа, ова не е главната карактеристика според која тој е најпознат, туку постои нешто што е многу позначајно и повлијателно од неговата големина.

На островот во 1996-тата година било откриено дека во крајбрежното подрачје на површина од околу 20.000 квадратни километри постојат залихи од 700 милиони тони нафта и 2.500 милијарди кубни метри земен гас. Количината која ја поседува оваа резерва е слична со онаа во Северното море.



Русија во 2004-тата година потпиша и договор со Јапонија за продажбата на земниот гас во течна состојба.

Овој остров кој изобилува со нафта и земен гас брои околу 500.000 жители. Дури до 1991-вата година претставуваше специјална воена зона со ограничени права на пристап, но сепак сè уште се издаваат посебни дозволи за посета на одредени делови од овој остров.



Инаку, на оваа локација е туку што завршена и најголемата бушотина во рамките на проектот "Sakhalin-1", кој веќе има 9 од 10-те најдолги бунари на светот. Длабочината на овој бунар е 13.500 метра, а хоризонталниот домет изнесува 12.033 метра.

Погледнете:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О