Состанокот меѓу Путин и Цирпас минал во пријателска атмосфера и во најдобар ред, но во еден кадар се видела доминацијата на рускиот претседател, како поискусен и поважен.
Имено, за време на заземањето на своите позиции, за потпишувањето на документите, грчкиот премиер тргнал да седне на фотелјата наменета за Владимир, но тој реагирал и му покажал каде му е местото, пишува Telegraf.rs.
Рускиот претседател и грчкиот премиер во Москва разговарале за тоа дали Русија би можела да го укине ембаргото за увоз на храна од Грција, кое важи за производи од Европската унија.
Ципрас навел дека целта на неговата посета е заеднички да започнат нови односи за доброто на народот и стабилноста и безбедноста во поширокиот регион.