Оваа фотографија од две девојки кои се прегрнуваат го „сруши интернетот“ во Бразил. Еве зошто

Оваа фотографија на својот профил на Фејсбук ја поставил Бразилец по име Нелсон Фелипе, а оттогаш таа е споделена преку 8.000 пати на социјалните мрежи.

Во описот на фотографијата, Фелипе напишал зошто ја објавил оваа фотографија.

„Немам предрасуди. Мислам дека луѓето би требало да прават што сакаат со своите животи. Но, мислам дека е апсурдно што мораме да бидеме сведоци на ваква сцена. Она што луѓето го прават во својата приватност е нивна работа, но ме допира она што го прават во јавност.

И одбивам да видам ваква сцена и да ја сметам за нормална. Тие ги предизвикуваат социјалните конвенции и таквото однесување може да биде опасно. Што ако се случи некоја трагедија, или уште полошо, ако некој умре, кого да обвиниме тогаш?

Децата би помислиле дека е нормално да се чека воз во метро пред жолтата линија. Затоа, немојте да се однесувате како она момче, туку водете се од примерот на овие две девојки“, порачал Фелипе.

Секако, читајќи го неговиот коментар луѓето очекувале дека се работи за критика на сметка на двете девојки кои се прегрнуваат, но целосно изненадување е тоа што приказната ја свртел во сосема друга насока.

Оваа шега на Фелипе и ироничниот осврт на хомофобијата која владее денес во општеството, стана вистински хит на интернет.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О