Новинарите ја прашале Ана Ивановиќ дали се омажила за Швајнштајгер – Еве што им одговорила


Убавата српска тенисерка Ана Ивановиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос, но нејзината игра е во втор план, бидејќи во центарот на вниманието е наводната венчавка со фудбалерот на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер.

Светските медиуми на големо пишуваа дека минатата недела српската тенисерка и германскиот репрезентативец се заколнале на вечна љубов. Затоа, веднаш на почетокот, новинарите ја прашале Ана дали е вистина дека се омажила за германскиот фудбалер.

„Сум се омажила? Дали навистина верувате дека моите родители би дозволиле тоа да се случи, а тие да не знаат?“, рекла Ана, а нејзиното момче ја бодрело од трибините на парискиот Грен слем, пишува српски Блиц.



Што се однесува до нејзиниот премиерен настап на вториот Грен слем во сезоната, најдобрата српска тенисерка пронашла замерки во својата игра, но им замерува малку и на организаторите затоа што секоја година ја ставале во недела да го игра првиот меч.



„Никој не сака да игра во недела, а мене секоја година ми се случува да го играм првиот меч баш во недела. Не беше лесен дуел, но среќна сум што успеав да останам смирена и да направам пресврт во резултатот“, рекла Ана.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О