
Станува збор за концепт за кој не е извесно дали ќе се најде во сериско производство и продажба. Целта на презентацијата беше да се најават плановите на LG за фокусирање на OLED екраните.
Екранот на овој телевизор е потенок од еден милиметар, а се прицврстува со помош на магнетната подлога што претходно се поставува на ѕидот.

LG и Samsung последните години се натпреваруваат во производството на флексибилни екрани, а најавите се дека Samsung следната година ќе лансира комплетно флексибилен смартфон. Двете компании веќе лансираа смартфони со закривен екрани.