Која е најмоќната жена во светот?

Магазинот Forbes секоја година ја објавува листата на 100-те најмоќни жени во светот. На листата за 2015-та година, на првото место петта година со ред се наоѓа Ангела Меркел.



На првата позиција според рангирањето што го направи Forbes се наоѓа германската канцеларка Ангела Меркел, која веќе пет години доминира на оваа листа. Зад неа се наоѓа Хилари Клинтон, која е кандидатка за претседател на САД, додека пак на третата позиција се наоѓа сопругата на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда, која е позната како филантроп.



Минатата година, претседателката на американските федерални резерви, Џенет Јелен се наоѓаше на втората позиција, но годинава се наоѓа на четвртото место.

На петтата позиција пак се наоѓа директорката на General Motors, Мери Бара.

На оваа листа се наоѓаат жени од различни области. Според бројките, меѓу 100-те најмоќни жени има 24 извршни директорки, 15 милијардерки и осум политичарки што се наоѓаат во врвот на власта во соодветните земји.

За да го погледнете целосниот изглед на листата на 100-та најмоќни жени за 2015-та клик тука.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О