Ѓорческа со рекорден ранкинг во кариерата


Нашиот најдобар рекет, Лина Ѓорческа го забележа својот највисок ранкинг во кариерата на најновата ВТА листата.

По добрите настапи на фјучерсот во Бол, Хрватска, Македонската во поединечна конкуренција скокна 12 места и сега со 87 поени е 384 тенисерка во светот. На листата во двојки, 20-годишната Ѓорческа запиша пад од една позиција (339).
Во ранкинг листата фигурира и Магдалена Столиковска која ги зазема 1218 (сингл) односно 951 (двојки) позиција.
На самиот врв немаше промени, „орото“ и понатаму го води Серена Вилијамс по што следат Шарапова, Халеп, Квитова, Вознијацки, Бушар, Ивановиќ, Суарез-Наваро, Макарова и Петковиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О