Неговото име не е Хитлер: Овој човек убил 10 милиони луѓе!

Кога ќе го видите неговото лице или слушнете неговото име, би требало да почувствувате непријатност во стомакот, исто како кога читате за Хитлер или Мусолини, или гледате нивна фотографија. Овој човек, убил повеќе од 10 милиони луѓе во Конго!


Добро погледнете го човекот на фотографијата. Дали знаете за кого станува збор?

Повеќето луѓе не слушнале за него, а би требало. Кога ќе го видите неговото лице или слушнете неговото име, би требало да почувствувате непријатност во стомакот, исто како кога читате за Хитлер или Мусолини, или гледате нивна фотографија. Овој човек, убил повеќе од 10 милиони луѓе во Конго!



Неговото име е крал Леополд Втори од Белгија.

Тој бил "сопственик" на Конго за време на своето владеење како уставен монарх на Белгија. По неколку неуспешни обиди за колонизација на Азија и Африка, тој се свртел кон Конго. Ја купил оваа држава и ги поробил сите луѓе, претворајќи ја земјата во своја лична плантажа на робови. Ги маскирал своите работни трансакции како "добротворни" и "научни" напори под знамето на Меѓународното африканско друштво. Тој ја користел робовската работа за да ги извлече ресуристе и услугите на Конго. Неговото владеење било спроведено по пат на работни логори, сакатење на тела, егзекуции, мачење и приватна војска.



Повеќето од нас не сме учеле за него во училиште. Во медиумите не зборува за него. Тој не е дел од широкиот наратив на угнетување. Тој е дел од долгата историја на колонијализмот, империјализмот, ропството и геноцидот во Африка, за кој не сме учеле во училиште.

Марк Твен напишал сатира за Леополд со име "Монолог на Кралот Леополд: Одбрана на неговата власт во Конго", каде ја исмева кралската одбрана на владеењето на теророт, во главно низ зборовите на Леополд. Има дури 49 страни. И треба да се размисли зошто во училиште не сме учеле за кралот Леополд. Дали е тоа случајност? Од гледна точна на Одделенијата за образование ширум целиот свет, Африканците немаат историја!



Постојат страници на интернет со име "Геноциди во историјата". Меѓутоа геноцидот во Конго не е вклучен, но сепак се споменува. Тоа што сега се вика Демократска Република Конго, е спомената како референца за војната во Конго, односно Големата Африканска војна. Интересно е што Конго е поврзан со канибализам, страшно зло кое мора да биде запишано во историјата, но белецот кој го претворил Конго во свој личен концентрационен логор и убил 10 до 15 милиони луѓе, не влегол во историјата, ниту пак на Википедија.

Кога ќе убиете 10 милиони Африканци, не се викате "Хитлер". Вашето име не симболизира животна инкарнација на зло. Вашето име и фотографија не произведуваат страв, омраза и тага. Вашите жртви не разговарале за тоа. Вашето име не е запаметено.



Секако, Леополд не бил единствениот извор на зло во Конго. Имал генерали и војници кои ги извршувале неговите наредби и заповеди, и ги спроведувале неговите закони. Тоа било систем. Жртвите на империјализмот се невидливи!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О