На мета на Челси е 24-годишниот Фаузи Гулам кој настапува во екипата на италијански Наполи. Од лондонскиот клуб на адреса на Наполи испратиле понуда вредна 15 милиони евра, но "Corriere dello Sport" тврдат дека Наполитанците експресно ја одбиле таа понуда.

Иако претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакна дека Гулам не е на продажба, сепак би требало да се согласи за негов трансфер доколку лондонскиот клуб сега ја зголеми понудата. Инаку, Наполи го доведе алжирскиот репрезентативец пред година и пол од Сент Етиен за три милиони евра.
