Брутални Турци: Еве како турските сили ги предупредуваат сириските бегалци!

Турските безбедносни сили денес употребиле воден топ и куршуми за предупредување, за да растераат илјадници бегалци од Сирија, кои се обидуваат да побегнат од судирите во својата земја.

Дописникот на агенцијата France Presse од лице место рекол дека Сиријците чекале зад бодликавата жица околу пограничниот премин Акчакала на југоистокот на Турција. Истата ситуација се одиграла и минатиот септември.


Сиријците се обидуваат да побегнат од ескалацијата на судирите меѓу курдските сили и џихадистите од ИСИС, за контрола над градот Тел Абјад, кој се наоѓа во непосредна близина на границата со Турција.


"Турските сили употребија воден топ и куршуми за предупредување за Сиријците да останат подалеку од пограничната ограда", наведува AFP.


Турција соопштила дека презема мерки за ограничување на приливот на сириски бегалци на своја територија.


Во рамките на политиката "отворени врати", која ја застапувал претседателот Реџеп Тајип Ердоган, Турција од почетокот на немирите во Сирија во 2011. година, примила 1,8 милиони бегалци.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О