Ја измислил целата приказна: Братот од настраданиот Стефан признал дека немало никакво киднапирање

Братот од настраданото момче, 12-годишниот Стефан Илиќ, кој ги алармирал полицијата и семејството велејќи им дека неговиот брат е киднапиран, им признал на инспекторите дека киднапирањето го измислил.

Како што пренесува српски „Блиц“, инспекторите откако го нашле телото од малиот Стефан, повторно почнале со испитување на неговиот помлад брат. Набрзо, детето прснало во плач и ѝ открило на полицијата дека приказната за киднапирањето ја измислил, и дека неговиот брат се удавил во Караш.



За потсетување, 12-годишниот Стефан Илиќ од Банатска Суботица кој три дена се водел како исчезната личност, починал од давење во каналот на реката Караш, а тоа го потврдила обдукцијата. На телото не биле пронајдени докази од врзување што фрла дополнителен сомнеж на верзијата од приказната за киднапирање која ја раскажал помладиот брат од настраданото момче.

Телото од несреќното момче го пронашол жител на селото, Јово Грујиќ, додека ја водел стоката на пасење. Телото било пронајдено на 500 метри од неговата куќа, а го идентификувал таткото Стеван Гагиќ.



„Ги водев говедата на пасење. Со оглед на тоа што беше многу топло, решив да се искапам и освежам во реката Караш. На два метра од мене видов тело кое плови, закачено за гранки, Веднаш знаев дека се работи за Стефан. Го препознав по зелената маичка која ја носеше, раскажал Грујиќ за "Блиц".



Веста дека соседот Грујиќ го нашол телото на малиот Стефан, на семејството му ја соопштил споменатиот помлад брат од настраданото момче. Во тој момент, мајката Гордана им објаснувала на новинарите зошто некој би го киднапирал нивното дете, а на веста дека Стефан е пронајден удавен во реката, настанала општа хистерија.

Мајката, браќата и сестрите почнале да врескаат. На сестрата Ивана ѝ се слошило, па интервенирала и Итната служба. Таткото Стеван отишол до реката за да го идентификува телото.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О