Шведска е позната по поволниот живот, убавиот мебел, групата Аба, но и убавите жени. На вас останува само да процените дали легендата за нивната убавина е преценета.
На списокот на најубави жени на светот, која беше направена кон почетокот на оваа година, Швеѓанките го заземаа убедливото прво место. Погледнете и зошто.
Елза Хоск
Елза Хоск е модел и актерка. Работела за кампањи за најголемите модни куќи, но и за Victoria’s Secret. Во Шведска професионално се занимавала со кошарка и таа се наоѓа на 15-тото место на листата на најсексапилни светски модели.
Лиза Берген
Лиза Берген е модел и мисица. Се прославила бидејќи во 2005-тата година станала мис Шведска и од тогаш работи како модел. Со таква убавина и тело, таа дефинитивно го оправдува добриот глас кој ги следи Швеѓанките.
Дани Карлсон
На оваа листа се најде и уште една бринета. Дани Карлсон е исто како и Лиза, модел и мисица. Родена е во Малмо. Пред пет години била мис Шведска, се појавувала во многу модни едиторијали, но и во музички спотови. Дани води свој блог, а се зборува дека откако започнала да живее во САД, таа живее на висока нога благодарение на врските со богатите мажи. За себе вели дека ги обожува животните и дека е веган.
Ерика Јонсон
Ерика Јонсон е модел и актерка. Се појавува во повеќе модни магазини, а глумеше и во филмовите "Boat Trip", "After School Special" и "American Standard". Во меѓувреме таа стана и ди-џеј.
Карин Викторија Силвстедт
Карин е модел, актерка, пејачка и телевизиска водителка од Скелефтехамн. Работела на кампањи за Chanel, Giorgio Armani, Christian Dior, Valentino и Givenchy.
Таа беше PlayBoy ѕвезда од 1997-мата година, се појави во филмовите "BASEketball", "The Independent", "Out Cold" и "Boat Trip". Гостуваше и во серијата "Melrose Place".