Откриено е што направил Пике со сувенирот од Берлин


Барселона оваа сезона со триумфот над Јувентус (3:1) во финалето од Лигата на шампионите ја освои втората тројна круна во својата историја.

Многумина се сеќаваат дека по натпреварот Жерар Пике со ножици ја исече мрежата од еден од головите и ја зеде за себе како еден вид на сувенир за себе. Сепак Шпанецот го сменил планот...

Според "El Mundo Deportivo", Пике ја подарил мрежата на свој пријател како подарок и извинување затоа што не можел да присуствува на неговата венчавка поради натпреварот на Шпанија минатиот викенд. Освен тоа, споменатиот весник пренесува дека на венчавката мрежата била исечена и сите гости добиле дел од неа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О