Само за милијардери: Погледнете во раскошниот бункер во кој богатите ќе го дочекаат крајот на светот


Внатре ќе видите базени, кино, теретани, ресторани, станови и хеликоптери, но овој пат не зборуваме за луксузни станови или вили, туку за - бункер!

Имено, Роберт Вицино во германското село Ротенстеин, отворил бункер во кој во случај на крај на светот ќе влегуваат само најбогатите.

Бункерите наводно може да одбранат од секаква опасност, независно од тоа дали се работи за нуклеарна експлозија, хемиско оружје, земјотрес или цунами. Повеќе од милијарда долари вредниот "спас од апокалипса" бункер ќе биде отворен само за тие со покана.



Вицино е извршен директор на "Vivos", компанија која стои зад овој проект, која им нуди спас на милионерите.



Секое семејство во комплексот ќе има сопствен стан кој ќе може да го дизајнира според сопствени спецификации. Луѓето ќе имаат пристап до болници, ресторани, пекари, вински подрум и телевизиски центар.



Иако не е познато колку чини еден таков стан, може да бидеме сигурни дека апокалипсата во овој раскош ќе ја дочекаат само оние со најдлабок џеб.



"Горди сме на овој епски проект, кој го претставивме во овие сè поопасни времиња", рекол Вицино за "Forbes".



Инаку, ова не е прв бункер за параноичниот Вицино, кој веќе изградил еден сличен во Индијана. Имено, богатиот Вицино бил поттикнат на овој проект поради една "моќна порака" која ја примил во текот на осумдесеттите, пренесува The Real Deal Magazine.



Тој не знае од каде стигнала пораката, но знаел дека мора да направи засолниште за илјадници луѓе - очигледно за најбогатите.



"Очигледно е дека живееме во опасни времиња, а оние кои не се информирани никогаш нема да ги видат заканите кои се очигледни. Не можеме да предвидиме, но можеме да се подготвиме", заклучил Вицино.

























ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О