Галијани остана со празни раце: Интер во последен момент „го украде" Кондогбија

22-годишниот француски репрезентативец Џофри Кондогбија требаше да стави потпис на договор со Милан, но во трката се вклучи и Интер...

Се чинеше дека сè е готово, сите светски медиуми во изминативе неколку дена пренесоа дека Кондогбија е нов играч на Милан и на „Сан Сиро“ пристигнува за 30 милиони евра. Дури деновиве и самиот Галијани имал средба со агентот на играчот и претставници на Монако, но денес во Монте Карло се појави Аусилио, спортскиот директор на лутиот ривал Интер и им го „украде“ на „Росоњерите“ младиот Кондогбија за 35 милиони евра.


За 22-годишниот француски репрезентативец се шпекулира дека сакал да се пресели во Интер, а дефинитивно одлучил да го облече дресот на „Нераѕурите“ откако му бил понуден петгодишен договор и годишна плата од помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра. Тоа на крајот пресудило со оглед на тоа што „Росоњерите“ му нуделе „скромни“ 2,5 милиони евра по сезона.


Целата работа денес била завршена на стадионот на Монако. Претставници на Интер лично отпатувале во Кнежеството на чело со спортскиот директор Аусилио и го убедиле Кондогбија да се пресели во таборот на „Нераѕурите“. Според последните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, Кондогбија ќе пристигне во Милано во понеделник каде што ќе треба да ги помине лекарските прегледи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О