Русија ја предупредува Шведска: Ќе интервенираме доколку влезете во НАТО

Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, изјавил дека "Русија ќе преземе контрамерки доколку Шведска одлучи да се приклучи во НАТО пактот".


Татаринцев ги обвинил западните медиуми за "агресивна пропаганда" и нагласил дека "Шведска не е мета на руската војска". На прашањето од новинарите, дали ставот на Русија ќе биде идентичен доколку Шведска влезе во НАТО, амбасадорот одговорил дека доколку тоа се случи, "Шведска ќе претрпи последици".


"Владимир Путин истакнал дека одредени повратни реакции секако дека ќе има, а до него е одлучи дали тие ќе бидат од воена природа, и дали руските проектили ќе бидат насочени кон Стокхолм. Секоја земја која се приклучува во НАТО алијансата мора да биде свесна за ризикот кој го презема тој потег", изјавил Татаринцев, пренесуваBusiness Insider.


Во најновата анкета на јавното мислење, 31 процент од Швеѓаните сакаат влезат во НАТО, што е речиси двојно повеќе отколку во 2012. година, кога само 17 проценти од населението посакувале членство во алијансата.


Рускиот амбасадор своето излагање го завршил со проценка дека НАТО сепак ќе мора да почека на приклучувањето на Шведска, кое е сè уште далеку.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О