Кога ќе поевтини зелениот картон за возилата?

Осигурителните компании во исчекување, Владата на потег. Враќањето на старото решение за едномесечен зелен картон го најави премиерот Никола Груевски заедно со новите цени.

Од Министерството за финасии нема информација до каде е подготовката на предлог измените. Од владата велат:

- Се работи за владина иницијатива која очекуваме набрзо да влезе во владина процедура. Потребно е да се утврдат сите можни опции и модалитети поврзани со сегашните законски решенија за зелениот картон по што ќе се предложат измени и се надеваме дека целата процедура ќе се спороведува брзо.


Со оглед на овие потребни процедури, неизвесно е дали граѓаните оваа летна сезона ќе ја добијат можноста за поевтин зелен картон.

Според најавата, едномесечен зелен картон ќе биде со цена од 30 евра за помалите возила (до 66 киловати), односно 50 евра за возилата над 66 киловати.

Од бизнисот со осигурување за 24 Вести велат дека не очекуваат промени во продажбата поради малата разлика во цена на месечниот и годишниот зелен картон.

Дел од компаниите оценуваат дека промената ќе биде можност за подобрување на бизнисот.

- Во однос на највените промени, веруваме дека за клиентите секогаш е добредојдена можноста за избор меѓу повеќе типови на осигурување – во конкретниов случај од аспект на траење на полисата и цената на истата. Од аспект на очекуваното влијание на промената врз нашиот бизнис, не очекуваме поголеми промени. Новите промени за нас може да бидат само можност повеќе за подобрување на бизнисот, велат од Винер осигурување.

Пред четири години Владата го укина зелниот картон со важност од еден, три и шест месеци и воведе едногодишен со образложение дека се работи за ЕУ стандарди.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О