Ќорсокак во преговорите

ВМРО ДПМНЕ бара да се почитува договорот од 2 јуни, СДСМ го прекинува мораториумот на објавување на аудио снимките од прислушуваните разговори. Преговорите во ќорсокак. Опозицијата најавува преземање на порадикални чекори. На ЕУ и даваат краток рок за продолжување на разговорите. 


На синоќешниот состанок на раководството на СДСМ со граѓанските организации што ја сочинуваат коалицијата „Граѓани за Македонија“ донесена е одлука да продолжи проектот „Вистината за Македонија“ со презентирање нови докази и аргументи. Идните чекори ќе бидат порадикални од моменталната форма изразена преку Кампот на слободата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека целта на СДСМ е да ги блокираат сите обврски кои се превземени со потпишување на договорот. Партијата е отворена за дијалог. 

Подготвени се за предвремени парламентарни избори во било кој термин до април 2016. На вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучено е партијата во натамошниот период да остане фокусирана на економијата и интересите на граѓаните. СДСМ смета дека на Македонија во овој момент не и се потребни брзи избори. Според опозицијата натамошниот тек на настаните и преговорите најмногу ќе зависат од позициите на лидерот на Дуи Али Ахмети. 

Лидерот на Дуи Али Ахмети одби да даде коментар за натамошните позиции на ДУИ во решавањето на политичката криза. ДПА бара нова рамка или нов договор за политичката криза. Не се заинтересирани да бидат дел од евентуална преодна влада. Инсистираат на реализација на договорот во Пржино и разговор за сите отворени прашања за Албанците во Македонија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О