Во партискиот Извршен комитет остануваат Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Гордана Јанкулоска, Антонио Милошоски, Илија Димовски, Зоран Георгиевски, Силвана Бонева, Зоран Илиоски и Влатко Ѓорчев.
Од новоизбраните членови се Коце Трајановски и Миле Јанакиески, додека има и ликови помалку познати за пошироката јавност, меѓу кои Никола Димески од Прилеп, Христијан Мицковски, професорот од Машинскиот факултет, доктор Александар Митов, Лазар Котевски, градоначалник на Новаци, Никола Затуровски, директор на средното училиште Нико Нестор во Струга.
Оттука, луѓето што се повлекоа од јавните функции по избивањето на политичката криза, како Мијалков и Јанкулоска, и сега Јанакиески остануваат соработници на Груевски во партијата.