Искрено: "Мојот сопруг може да биде со други жени, но на своите деца им советувам да не стапуваат во брак!"

Џада и Вил Смит се во брак уште од 1997-мата година. Речиси две децении долг брак во Холивуд е вистинска реткост, особено кога се работи за браковите на нивните колеги. Во што се состои нивната тајна? Тие имаат отворен брак.

Кога пред неколку години гостуваше во шоуто на Опра Винфри, Џада призна дека Вил може да биде со друга жена, сè додека може на себе си да си погледне во очи. Тогаш многумина започнаа да нагодуваат дека овој пар има отворен брак.

Пред неколку дена таа и ги потврди тие нагодувања во своето гостување во популарната емисија Sirius XM. Џада тогаш призна дека нејзиниот сопруг има слобода да прави што и да посака.

- Јас не сум ничиј чувар. Тој е возрасен човек. Јас му верувам на Вил. Тој е човек од интегритет и затоа има слобода да прави што и да посака. Сè додека може себе си да се погледне во огледало и да биде задоволен со она што го гледа, јас немам проблем со тоа, потенцирала Џада.



Водителот ја прекинал со зборовите дека самиот тој не би ризикувал да изгуби жена каква што е Џада, на што таа му одговорила – Ни тој не би сторил такво нешто.

- Тоа што вашиот сопруг го привлекла друга жена, не значи дека не ве сака, тврди Џада.

Тајната на нивниот брак можеби е и во спалната соба.



- Јас сакам да се облекувам, пресоблеувам и маскирам и во јавноста. Замислете каква сум тогаш во спалната соба, рекла Џада.

Иако неодамна се пишуваше дека нивниот брак е наводно пред развод поради неверство на Вил, се чини дека тоа сепак не е така.

Сепак, колку и да верува во отворениот брак, Џада признала дека своите деца ги советува сепак да не стапуваат во брак.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О