Деновиве таа е тука во охридско Пештани, а ние ја искористивме приликата за да дознаеме нешто повеќе за нејзината страст – фотографијата.

Твојата определба е фотографијата како уметност, во што тоа се разликува од фотографијата како бизнис?
Уметноста и бизнисот во ретки случаи успешно се вклопуваат/соработуваат.
Во бизнисот има помала слобода и се држиме за одредени желби на клиентот, за разлика од уметноста која е определена од интуицијата.

Што наоѓаш како уметност во фотографијата?
Уметноста, всушност е еден начин за креативно преведување на чувствата на уметникот и кога едно уметничко дело ќе разбуди некое чувство кај гледачот тогаш го сметам како успешно. Тоа е суштинската разлика меѓу „добра“ фотографија и „уметничка“ фотографија, моментот кога некој ја гледа, и почувствува нешто, дали сеќавање или фантазија, во секој случај, да пробуди некое чувство.

Колку Охрид и околината се магнет за вљубениците во фотографијата?
Охрид не е само богат со прекрасна природа, но и култура и историја, и очигледно тоа има големо влијание на квалитетот на моите фотографии. Искрено, често верувам дека не сум доволно добар фотограф за да би можела во целост да ги уловам убавините на Охрид, но сѐ уште се обидувам.

Дали досега си ги изложила твоите фотографии?
Освен на онлајн медиуми, како што е вашиот, на други места не ми биле изложени фотографиите. И мило ми е што сега ја користам таа шанса.

Кој е рецептот за добра фотографија?
Не постои рецепт за добра фотографија. Има многу елементи кои се важни за една добра фотографија, но треба со искуство да научиме, кога и кој елемент е поважен од друг. Јас сѐ уште го откривам тоа, секоjдневно.