Мора да признаеме дека поединечни реакции се и помалку духовоти.
Освен луѓето, кои таа способност ја учат до својата втора година од животот, постојат и животни кои можат да го препознаат сопствениот одраз во огледало. Тука спаѓаат делфините, шимпанзата, горилата и орангутаните.
Научниците ги тестирале уште во 17-тиот век во тестови во кои ги надгледувале животните како се однесуваат во близина на огледало.
Business Insider ја донесува приказната за Ксавиер Хуберт - Бриерe и неговата сопруга, кои во 2012-тата година направиле интересен видео запис кој што настанал во Габон, во Африка.
Таму тие ги снимале животните во прашумата откако во нивна близина поставиле големи огледала.
Резултатот носи навистина интересни глетки и реакции на животните кои се надгледуваат самите себе си, а некои дури и напаѓаат. Мора да признаеме дека некои реакции беа и помалку духовоти.
Шимпанзата најчесто после одредено време сфаќаат дека не се работи за "другo шимпанзо од онаа страна", па се смируваат, a потоа и го надгледуваат сопственото тело во огледалото. Но, погледнете и сами:
