Светската мега-ѕвезда Роби Вилијамс, на 17 јуни одржа спектакуларен концерт во Белград. После настапот, на сите медиуми се шпекулираше дали пејачот направил гаф на почетокот од настапот и наместо Белград го поздравил Загреб, или пак сакал да рече „здраво“, но тоа лошо го изговорил.
Британските медиуми сериозно се позанимаваа со тоа што рекол Роби на почетокот од концертот, а некои се пошегувале дека му се потребни часови по географија. Пејачот откако видел дека и самиот британски „Mirror” пишувал за тоа, одлучил да ја разреши мистеријата со објава на Твитер.
„Мојата пријателка Зара Греб беше присутна таа вечер и и` беше роденден. Едноставно сакав да ја поздравам“, напишал Роби на Твитер.