Секс скандал ја потресе модната индустрија: Манекенките проговорија за сексуалното вознемирување

Манекенката Тајла Новели одлучила да го сподели своето непријатно искуство со светот и на тој начин да ја предупреди модната индустрија на дизајнерот Сарџ Хоуранис, кој за време на снимањето повеќе пати сексуално ги вознемирувал манекенките со кои соработува, пишува Daily Mail.

Пред неколку дена на Фејсбук осамна страницата „Кажете НЕ на Санија Фешн“ ("Say NO to Sanija Fashion"), преку која манекенката Тајла Новели ги предупредува своите колешки да не соработуваат со австралискиот дизајнер. Тајла раскажала за „Daily Mail Australia“ дека дизајнерот еднаш и` рекол дека „изгледа како ку*ва“ и дека „никој нема да ја сфати сериозно како манекенка“.


Страницата "Say NO to Sanija Fashion" ги поттикнала и другите манекенки да ги раскажат своите искуства со дизајнерот Сарџ, за кој тврдат дека ги одвел на снимање во костими са капење и им ветувал гламурозна облека и фотографии, а потоа непримерно ги допирал и ги навредувал на полова основа.


Набрзо се испоставило дека Сарџ Хоуранис не е единствен случај и дека всушност има многу луѓе во модната индустрија кои се однесуваат така. На страницата на Фејсбук која таа ја започнала, многу колешки на Тајла објавиле какви се` непријатности доживеале на фотографирањето со други дизајнери и модни куќи.


Дека дизајнерот навистина ја преминал границата, потврдуваат и фотографиите кои ги објавила Тајла. Фотографиите на кои дизајнерот непримерно ги допира манекенките додека им ги мести костимите за капење за време на снимањето на плажа ги добила од анонимни девојки, па за да го заштити нивниот идентитет ги сокрила нивните лица.

Ова непримерно однесување предизвика лавина коментари во кои се осудува однесувањето на дизајнерите, а многумина тврдат дека станува збор за сексуално малтретирање.



Уште една потврда пристигнала од Тие Рајт, уште една манекенка која соработувала со него. И таа имала слични искуства како девојките од фотографиите, кога во една прилика австралискиот дизајнер непримерно ја допирал за време на снимањето. Рајт исто така се огласила на социјалните мрежи.


„Предупредување за сите дами! Sanija Fashion не е добра куќа за соработка. Оваа куќа ги деградира жените и ниедна од многуте жени кои соработувале со нив не е третирана со почит“, напишала Рајт во групата "Models & Photographers" на Фејсбук.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О