Норт Вест наполни две години, но ова девојче уште сега поседува гардероба која вреди вистински мало богатство. Родителите на малата Норт сериозно го сфаќаат облекувањето на својата ќерка, внимателно избираат што сè ќе ѝ облечат и сето тоа го вклопуваат со нивните модни комбинации.
- Обожувам да играм со Норт и да ѝ облекувам различни модни комбинации. Преслатко ми е кога сме исто облечени, изјави Ким.
Кога се работи за нивната "мала маза", Ким и Канје дефинитивно не штедат. Па така, малата Норт веќе носи и дијамантски обетки вредни 50.000 долари. "Lorraine Schwartz" обетките имаат "само" половина карат по парче, а интересно е и дека се направен токму специјално за малата Норт.
Покрај обетките, малата Норт ужива и во изобилството од дизајнерска облека – од која поголемиот дел и никогаш не ја облекла.
Американските медиуми пишуваат дека нејзините родители една цела соба ја претвориле во ормар за својата маза. Тие тврдат и дека Ким наводно запослила кројачи чија работа е да ѝ шијат на малата Норт реплики од нејзините модни комбинации. Наводно, Норт поседува и фустан кој вреди 375 долари со потписот наOscar de la Renta, како и 200 долари вреден фустан со потписот на Cavalli. Дури и нејзината торба за пелени го има потписот на Hermes.
Меѓутоа, иако Норт веќе сега поседува огромен ормар преполн со облека која е со потписот на најпознатите светски дизајнери, модните критичари ја критикуваат Ким дека таа ја облекува својата ќерка премногу често во црно. Критиките не беа упатени само на сметка на колоритот на облеката на малата Норт, туку и на изборот на материјали кои што таа ги носи. Па така, двегодишното девојче го видовме во кожни пантолани на повеќе од 30 степени Целзиусови во Калифорнија, само за да биде облечена исто како и нејзината мајка, а не е никаква реткост да ја гледаме Норт и со крзнени бунди.
Сепак, изгледа дека тврдењата дека претерува не ја погодуваат многу нејзината славна мајка. Ким го шокираше светот со изјавата дека нејзината ќерка Норт веќе има свој стил и дека моментално сака да се облекува само во црно.
Исто така, малата Норт има и свои шопинг асистенти, поради што многумина прокоментираа дека нејзината мајка свесно ја претвора во жртва на модата.
Интересно е дека медиумите исто така потврдуваат дека старлетата и нејзиниот сопруг се толку многу дарежливи што малата Норт на модната недела во Париз минатата година имала сопствен пентхаус – иако тогаш имала сè на сè само 15 месеци!
Па дали е сепак сето ова навистина премногу?