„Зависи за што се работи. Постојат методи и техники. Дојдете на преглед“ рекол гинекологот, а од друга страна на телефонот бил побаран термин.
Следното утро прва пациентка била оваа девојка. Дошла во друштво на пријателка. Веднаш рекла дека во вагината има средно капаче од дезодоранс, но отишло предлабоко. Се обидела сама да го извади, но не ѝ пошло од рака.
Докторот го сторил тоа рутински. Утврдил дека нема никакви оштетувања. Но, настапиле маки, што да напише во извештајот.
Инаку присутноста на страни тела во ова подрачје на женското тело предизвикува непријатен исцедок со силен мирис, со жолта или кафена боја. Може да се појави и лесно крвавење или чешање и непријатен мирис.
Страното тело најчесто влијае и на мокрењето, кое станува отежнато и болно. Исцедокот може да ја оштети кожата или силно да ја надразни, а поголеми предмети да предизвикаат болка во долниот дел на стомакот.