Антиќ нема да игра на ЕП

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ, нема да игра на престојното Европско првенство.


Селекторот на Македонија, Александар Џикиќ, го објави поширокиот список на играчи кои се повикани за подготовките за ЕП меѓу кои се најде и крилниот центар на Атланта.

„Нема да играм. Мислам дека на ова Европско првенство треба да настапат оние играчи кои низ квалификациите изборија пласман“, изјавил Антиќ за медиумите во Србија.

Од кошаркарите кои во 2011 година го освоија четвртото место на ЕП повикот на селекторот го прифатија Владо Илиевски и Предраг Самарџиски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О