Повеќето луѓе обожуваат да се разладат во текот на летните денови со коцки мраз во омилениот пијалок. Меѓутоа, освежувачките коцки мраз кријат ужасни причини зошто треба да ги избегнувате и покрај разладувачкиот ефект.
Мувла
Машините за мраз најчесто имаат мувла. Овој проблем настанува кога замрзнувачите често се отвараат и затвораат, а влажните места поттикнуваат размножување на габи и мувла. Во дури 10% од мразот се наоѓа мувла. Машините за мраз ретко се чистат, а се употребува вода од чешма. Температурата во замрзнувачот не е доволна за да ги убие бактериите. Доволна е мала количина на контаминирана вода за да го загади мразот. Луѓето кои конзумирале пијалок со коцки мраз во кои имало и траги од мувла, можат секако да појават одредени реакции поради тоа.
Бактерии
Веројатно сите добро се сеќавате дали сте ги измиле вашите раце пред јадење, но дали сте го направиле тоа пред да си направите некој освежителен пијалок? Веројатно не. Ако користите лопатка за вадење на мразот, а претходно не сте ги измиле рацете, многу лесно, се` што сте имале на рацете, вклучувајќи ги сите бактерии, ќе завршат на таа лопатка, а потоа во мразот.
Исто така, рестораните кои имаат проблем со бактерии, се соочуваат со бактерии кои се наоѓаат буквално насекаде, па така најверојатно тие ќе бидат присутни и во мразот. Но, главниот проблем се јавува ако контаминираните коцки мраз дојдат во контакт со друга храна, како на пример месото, па така оваа инфекција лесно ќе започне да се шири.

Внимавајте и дома
Истото важи и за вашиот дом, ако користите пластични садови за мраз. Ако ги допирате или вадите со валкани раце, ризикувате да пренесете евентуални микроби и бактерии на мразот. Ако сакате да ја намалите можноста за контаминација, подобро користете кеси за мраз и при вадењето на мразот убаво измијте ги рацете.
Кога сами си правите мраз, убаво измијте го садот за мраз после секоја употреба и добро исушете го за да ја намалите опасноста од зарази.

Голем проблем може да биде лошата хигиена во рестораните. Истражувањата покажале дека покрај колиформните бактерии, во коцките мраз често се наоѓаат и бактериите ешерихија коли, хеликобактер пилори и листера монокитогенес.
Нормален имунолошки систем може да ја поднесе таа контаминација, но се заканува опасност ако поради лоша хигиена преку мразот се рашират некои опасни вируси или кога се работи за личност со нарушен имунитет.
