Ќе се воодушевите: Сред Германија "никнал" тропски остров!

Германците пронашле одличен начин да го искористат стариот воен хангар за авиони, и да го претворат во - тропски остров!

Овој комплекс наречен "Tropical Islands" на своите посетители им нуди целосно тропско искуство: од флора и фауна до бели песочни плажи, сини лагуни, тобогани, сауна, водени паркови и тоа на само 60 километри од Берлин. И тоа што е најважно, не мора да чекате лето, бидејќи комплексот работи преку цела година.


Иако овој воден парк постои веќе со години, било најавено дека планираат да го прошират и да направат нови единици за сместување. Овој некогашен хангар е долг 360 метри, широк 210 и висок 107 метри. Во него може да собере осум фудбалски игралишта.


Температурата во него секогаш е 26 степени и никогаш не врне. Покрај тоа што во склоп на островот ќе бидат изградени 60 викендички, "Tropical Islands" прави и отворен воден парк со неколку базени и тропски паркови.








ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О