Еве зошто пропаднаа Грците: Овие три главни причини буквално ги уништија!

Поминаа пет години откако беа воведени мерките за штедење, а Грција повторно со просјачки стап чукна на портите на европските кредитори и бара уште пари. Грција е на работ на финансиска пропаст, а ова се и главните причини поради кои што таа е речиси пред банкрот.

Комплициран даночен систем



- Тоа што е можеби и најголема препрека за самата Грција кон нешто подобро, кон посветол и помалку задолжен пат е всушност комплицираниот даночен систем. Подигањето на даноците во екот на финансиската криза е нешто најтешко на светот, изјавил Хари Теокарис, денес пратеник во грчкиот парламент, а некогаш најомразен човек во таа земја.

Тој беше човекот кој што се обиде да ги подигне даноците во финансиски најтешките моменти за Грција, и притоа од корен да го промени даночниот систем на таа земја.

- Бев на деликатна позиција која што бараше ниту најмалку едноставна задача, а тоа е да му го загорчам животот на буквално секој жител во Грција, вели некогашниот шеф на грчката Агенција за наплата на долгови.

Теокарис се фатил во костец со голем проблем. Всушност, во Грција постојат шест различни стапки на ДДВ. Нормалната стапка е 23 отсто, а постојат и две намалени, за производи како што се храната, горивото и лековите.

Ако се додаде тука и ДДВ-то за грчките острови, со цел подобрување на туризмот, нешто што е многу важно за грчката економија, се појавуваат многу начини за избегнување на даноците, или барем плаќањето на помали цифри.

Колку за пример, после недамнешниот пораст на туризмот на Миконос, следело плаќање на помала стапка на ДДВ, што и некако не е сосема логично.

Големи трошоци за пензии



Грчките пензионери се исто така многу комплексен проблем, а постојат голем број на професии кои овозможуваат рано пензионирање.

Износот на пензијата во вкупниот просек е значајно понизок од оној во развиените европски држави, но Грција и покрај тоа троши за 30 отсто повеќе сретства на нив, отколку што тоа го прави на пример, владата на Велика Британија.

- На целиот систем му е неопходно поедноставување, кое што и значајно би ги намалило трошоците, вели Теокарис.

Лоша приватизација


Како трета најголема болка за Грција е приватизацијата. На почетокот на кризата владата на Грција се обврзала дека ќе продаде државен имот кој би донел приход од 50 милијарди евра. Според зборовите на Теокарис, оваа бајка набрзо е намалена на 30 милијарди, а недолго потоа и на 20. До сега, Грција од продажбата заработила само помеѓу две и три милијарди.

Се претпоставувало дека приватизацијата на пристаништето Пиреј ќе донесе многу пари, но тоа најпрво било неколку пати одложувано, а потоа и откажано, за пред неколку месеци повторно да се започне со иницијатива за приватицазација.

Трошоците за повторно отворање на државната телевизија ERT оваа година дополнително го оптеретија и онака малиот буџет.

Теокарис наведува дека, ако сите овие ставки се разгледаат рационално, се доаѓа до заклучок дека Грција практично "фрлила пет години во вода", без сериозен обид да ги корегира клучните проблеми кои ја измачуваат нивната економија.

- Кога вистинскиот програм за опоравување и реформи би започнал пред пет години, денес и тоа како би ги забележале резултатите и би биле во ранг со Шпанија или Ирска, заклучува Теокарис.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О