Од овој момент светот не е истиот: Како изгледал Буш кога дознал за 11-ти септември

Фотографиите кои ги објавил Американскиот архив, ја прикажуваат средбата на Буш со претставници од својот кабинет и центарот за итни операции во Белата куќа, неколку часа по терористичкиот напад.

Американскиот архив неодамна објавил фотографии, направени неколку часа откако администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ Буш помладиот, дознала за терористичкиот напад на Њујорк и Пентагон на 11. септември 2001. година.


Фотографиите кои ги објавил Американскиот архив, ја прикажуваат средбата на Буш со претставници од својот кабинет и центарот за итни операции во Белата куќа, неколку часа по терористичкиот напад.


На фотографиите стари околу 14 години, покрај Џорџ Буш, се гледа и некогашниот потпретседател на САД, Дик Чејни, државниот секретар во Стејт Департментот, пензионираниот генерал Колин Пауел, и тогашната советничка за национална безбедност, а подоцна и државна секретарка, Кондолиза Рајс, инаку блиска соработничка на Путин.



Потсетуваме, во терористичките напади во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија, загинале околу 3.000 луѓе.


Драматичните случување кои следеле по тој датум, го одбележале почетокот на 21. век, а последиците од тоа се видливи и денес.


По нападот на Њујорк и Вашингтон, САД започнале глобална војна против тероризмот и Ал Каеда, чиј лидер бил убиен во 2011. година во Пакистан.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О