Поп пејачката Мајли Сајрус ги навикнала своите фанови на социјалните мрежи на своите разголени фотографии, но овој пат таа отишла чекор понапред, па на Инстаграм поставила фотографија на која е целосно гола.
Доколку некој ве фотографира на нудистичка плажа, а потоа се одлучите фотографијата да ја споделите со остатокот од светот, тогаш Мајли Сајрус може да ви биде најдобар пример како се прави тоа.

Бидејќи правилата на Инстаграм се строги кога станува збор за голотија, а доколку не сакате администраторите од оваа социјална мрежа да ја отстранат вашата фотографија, тогаш е неопходно "стратешките" места да ги покриете со некоја мала сликичка.
Исто како што го прави тоа Мајли, која не се откажува од голотијата. Пејачката досега споделила безброј фотографии на кои своите гради ги "покривала" со разни сликички.
Инаку, откако било објавено дека ќе биде водител на овогодинешните доделувања на "MTV VMA" наградите, Мајли почнала сериозно да се подготвува за улогата на домаќин.
Инаку, доделувањата на "MTV VMA" се закажани за 30-ти август, а нам ни останува да видиме дали Малји ќе ја почитува пристојноста.