Листа на најзгодни лидери во светот: Груевски 117 место, Иванов го нема

На листата најзгодни светски лидери во топ 40 од регионот се најдоа хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и грчкиот премиер Алексис Ципрас, кои се на деветтата и десеттата позиција.

На листата во првите 40 се и цроногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а од него подобро е позициониран премиерот на Албанија Еди Рама на 22 место.







Македонскиот премиер според листата е на 117 позиција од 197 лидери. На листата го нема македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, додека српскиот претседател Томислав Николиќ е на 136 место.

Горе на листата се и рускиот премиер Дмитри Медведев (11), американскиот претседател Барак Обама (14), претседателот на Бугарија (30), Владимир Путин (32) Виктор Орбан (35).

“Граѓаните предолго време беа под тиранија на неатрактивни лидери“ се наведува на страната “Hottest Heads of State“ чии автори на шеговит начин коментираат дека на овој начин ќе се зголеми свеста за овој проблем и ќе се наведат граѓаните да бараат поатрактивни лидери.

На првото место на оваа листа е кралот на Бутан, Џигме Хесар Намгије Вангчук, додека во првите десет се пласираа претседателот на Мексико Енрике Пенја Нјето, кралот на Шпанија Фелипе 6-ти, претседателката на Аргентина Кристина Киршнер, големиот војвода од Луксембург Анри, премиерот на Португалија Педро Пасош Коелјо, претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ, а на десеттото место е премиерот на Грција, Алексис Ципрас.
Последен на листата е претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун на 197 позиција.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О