„Нападите се изведени врз цели на терористичката група DAESH (арапски за Исламската држава – IS) и терористичката група Работничка партија на Курдистан (PKK)“, се вели во текстот објавен на интернет страницата на турскиот премиер во саботата утрото. Не се прецизира колку цели се нападнати, но се вели дека меѓу целите на PKK биле „засолништа, хангари, пештери и места на кои се чува муниција“.
Премиерот Ахмет Давутоглу изјави во соопштението дека нападите се дел од процесот против милитантите, како и дека Турција ќе преземе натамошни мерки за да ја заштити својата безбедност.
Сириската влада предупреди дека турските напади не се легални, а во регионот се стравува дека може да се претворат во напади врз сириските владини сили, што ќе одведе до нова ескалација во регионот.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во петокот дека Анкара им дала дозвола на САД да изведуваат напади врз џихадистите во Сирија и во Ирак од неколку нејзини бази, вклучително и најголемата „Инџирлик“.