Скандал во Британија: Соработник на Тони Блер консумира кокаин во друштво на две проститутки!

Заменик шефот на Горниот дом на парламентот, 69-годишниот Џон Сјуел, оргијал во Лондон. Поради аферата поднел оставка.

Британскиот лорд, 69-годишниот Џон Сјуел, заменик претседател на Горниот дом на парламентот и некогашен соработник на Тони Блер, бил снимен како шмрка кокаин со проститутки, што претставува уште еден во низата скандали на угледните Британци со "сина крв".

Ексклузивните снимки на кои лордот консумира кокаин во присуство на разголените жени, ги објавил британскиот таблоид Sun.

На нив се гледа како Сјуел на масата во својот стан во лондонски Долфин Сквер, консумира голема количина од белиот прашок. За сè да биде поскандалозно, непосредно пред да почне да се дрогира, лордот ја свртел фотографијата од својата сопруга Џенифер Сјуел, за да "не го гледа". Откако аферата била обелоденета, Сјуел поднел оставка.
Скандалозното видео го прикажува угледниот парламентарец како гали и соблекува две проститутки. Во еден момент, тој паднал на колена пред едната од нив и рекол: "Сакам само да ме заведете".

Камерите го фатиле и како вели дека би било убаво да поканат и некоја азиска проститутка, бидејќи тие изгледаат невино и расипано.


Инаку, иронија е што скандалот со лорд Сјуел дошол само неколку дена откако тој заHuffington Post изјавил дека како јавна личност мора да води сметка за да не е дел од скандалите. Неговиот случај отворил расправа во Британскиот парламент, за правилата на однесување на членовите на таа угледна институција.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О