„Ајкулите“ беа забележани на кеј на Вардар, крај галиите. Нивните црни перки можеле да се забележат и околу другите атракции во реката. Оваа бизарна глетка е веројатно третата по ред герила акција на граѓански активисти во Скопје.
Ајкули во Скопје: Пливаат околу галиите во Вардар!
Утринава во Скопје беше забележана несекојдневна глетка: ајкули пливаа во Вардар. Неколку случајни минувачи ја документирале бизарната и невообичаена глетка со видео и фотографии, кои подоцна ги споделиле на социјалните мрежи.
„Ајкулите“ беа забележани на кеј на Вардар, крај галиите. Нивните црни перки можеле да се забележат и околу другите атракции во реката. Оваа бизарна глетка е веројатно третата по ред герила акција на граѓански активисти во Скопје.
Кои се сторителите на ова креативно дело кое го сврте вниманието на сите не е точно познато. Во изминатите недели во Скопје беа извршени две други герила акции, од кои на првата им беа ставени очи на дрвјата, а потоа палмите низ градот ги „населија“ мајмуни.
„Ајкулите“ беа забележани на кеј на Вардар, крај галиите. Нивните црни перки можеле да се забележат и околу другите атракции во реката. Оваа бизарна глетка е веројатно третата по ред герила акција на граѓански активисти во Скопје.
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О