
Повремено ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, кој ќе придонесе температурите во северните делови да бидат малку пониски.
Утринските температури се движат од 14 до 22 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе достигнат од од 24 степени во западниот дел од земјата до 39 Целзиусови степени на југот.
Во Скопје утринската температура се движи околу 20-от степен, додека максималната ќе достигне 35 степени.
Во текот на следната седмица ќе преовладува сончево и уште потопло време со температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 Целзиусови степени.