„Поротата одлучи дека целокупниот профит на Samsung од паметните телефони кои нарушуваа три патенти, а се однсуваа на надворешниот изглед и на корисничкиот интерфејс. Иако патентите за дизајн се само мал дел на комплексните електронски уреди, поротата го одби аргументот на Samsung дека отштетата мора да се однeсува на повредите во патените“.Споровите на Samsung и Apple одбележија добар дел од изминатите години, а добар дел од нив ни покажаа што се може да се заштити како интелектуална сопственост – од телефон со квадратест облик и заблени рабови, па се до гестикулациите кои корисниците ќе ги користат за интеракција со своите уреди. Apple и Samsung неодамна се сложија да ги прекинат сите тужби надвор од САД. „Доколку остане каква што пресудата може да доведе до апсурдни резултати и може да има разурнувачко влијание на компаниите кои трошат милијарди на истражување и развој на комплексни технологии и компненти.“, вели колицијата во својата реакција.
Реакцијата на Apple е дека претставката на конзорциумот треба да биде отфрлена од судот, а инволвираноста на Google треба да биде изземена.
Можеби најдобриот одговор на целокупната војна со патентите доаѓа од книгата „Џобс“, кога Стив Џобс го обвинил Бил Гејтс дека Microsoft ја краде технологијата на Apple, г. Гејтс одговорил: „Па Стив мислам дека има повеќе од еден начин на гледање на работите. Мислам дека ситуацијата е поблиска до оваа – и двајцата имаме богат сосед Xerox, јас провалив и сакав да му го украдам телевизорот, но кога влегов дознав дека ти веќе си го украл“.