
Минатиот месец таа победи во натпревар за убавина во нејзиниот роден град Кемпбелтон.
- Мојата состојба не ме дефинира и нема да дозволам поради тоа да не носам костим за капење или фустани - вели младата девојка.
- За мене самодовербата е најважното нешто. Кога луѓето ќе видат дека имаш самодоверба во врска со твоето тело, иако имаш некој проблем, тогаш наместо да те сожалуваат ти се восхитуваат - вели Изабела.

Таа секојдневно оди на масажи за лимфна дренажа за да проциркулираат течностите кои се задржуваат во нејзината нога. Минатиот месец загубила 6 сантиметри во обем на десната нога. Поради ретката состојба, и срцето на Изабела работи побргу и е пооптоварено, но таа од мала со голем оптимизам се носи со болеста.
- Кога беше мала само чекав да се врати дома расплакана бидејќи не можела да направи нешто како другите, но тоа никогаш не се случи - вели нејзината мајка Џоен.
- Луѓето со проблеми со здравјето не треба само да работат на тие проблеми, туку треба да се сакаат себеси и да се прифатат какви што се. Не е убав тој што изгледа убаво туку тој што прави покрај него да се чувствувате добро - вели храбрата млада девојка.