"Amnesty International": Бегалците и имигрантите се злоставуваат во Македонија и Србија!

Организацијата "Amnesty Internetional" ги обвинила Македонија и Србија за лошиот третман на илегалните мигранти кои минуваат низ овие територии на пат кон Европската унија, се наведува во извештајот објавен во денес.

"Бегалците и мигрантите кои минуваат низ Балканот се изложени на злоставување од властите и локалните криминалци, и се срамно напуштени од ЕУ и нејзината политика, оставајќи ги без заштита во Македонија и Србија", пишува во извештајот.



Организацијата истакнува дека извештајот е резултат на четири истражувања направени во Македонија, Србија, Унгарија и Грција, во период од јули 2014. до мај 2015. година, при што биле испрашани повеќе од 100 мигранити.



"Бегалците кои бегаат од војна, минуваат низ Балканот со надеж дека ќе пронајдат безбедност во Европа, но стануваат жртви на злоставување, и се препуштени на милост и немилост на составот за поднесување на барања за азил", изјавил Гаури ван Гулик, помошен директор за "AI" во Европа и Средна Азија.



На границата помеѓу Грција и Македонија и Македонија и Србија, бегалците се изложени враќање, а многу од нив се принудени да платат мито, се наведува во извештајот.



Кон средината на јуни српската полиција објавила дека уапсила 29 полицајци и 9 цариници обвинети за корупција и злоупотреба на власт, како и примање на мито за да им дозволат на мигрантите да преминат во Унгарија.



Законските прописи врзани со поднесителите на азил во балканските земји, се неприлагодени со состојбата на теренот. Amnesty ја обвинува и Европската Унија бидејќи вложила големи средства за надзор на границите, наместо да го подобри составот за барање на азил.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О