Убиениот бизнисмен Артан Муслиу, алијас Аретим Асани, заменик директор на УЈП од Струга е човекот кој го намести професорот доктор Дејан Докиќ дека му барал мито за да ја лечи неговата мајка.
Aртан тогаш директор во осигурителната компанија УНИКА во Скопје, на полициските служби на кои тој наводно им бил соработник, го пријави угледниот професор и полицијата изведе негово спектакулрано апсење во неговиот кабинет со претходно повикана камера од тогашната А1 телевизија.
Докиќ извесно време беше во притвор и доби условна казна за овој случај за кој се пишуваше дека бил класична полициска местенка.
Инаку убиениот Артан е близок човек на еден од најбогатите бизнисмени во Албанија, Авзи Понази, секогаш ја уживал неговата финансиска подршка. Тој ја купил и текстилната фабрика Стружанка и на тој простор изградил комплекс згради.
Бил извесно време и близок со лидерот на ДПА, Мендух Тачи но пред последните локални избори во Струга работел на терен за градоначалник да биде избран кандидатот на ДУИ.
Во вториот круг влегоа само кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и на ДПА и тој, велат партиски извори за Либертас, работеше најотворено за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.
Точни се, велат нашите извори, дека тој местото втор човек на УЈП не го доби од ДУИ туку како награда од ВМРО-ДПМНЕ.